Поради временските неприлики, најавеното прво авионско третирање на комарци во Кочани е презакажано за в четврток, 22 јуни во раните утрински часови.
Авиотретирањето против комарци ќе го извршат стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово. Ќе се прска со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен од Бирото за лекови. Со авиотретирањето ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.
Потребно е пчеларите да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
Доколку се неповолни временските услови (ветер, дожд), третирањето ќе се одложи за наредниот ден.