Поради дефект на дел од цевководот во средината на коритото на Кочанска Река, сѐ уште е во прекин водоснабдувањето на корисниците од високата зона во градот Кочани и во селото Бели.

Според службите на „Водовод“, надојдената вода и тешкиот пристап до оштетениот дел на цевководот ја отежнуваат санацијата на дефектот.

Во текот на денот цистерни на КЈП „Водовод“ носеа техничка вода во населбите Калиманова Глава и Бејрут. Попладне достава на вода со цистерни ќе вршат и службите од Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво – Кочани во населбата Калиманова Глава и на улицата „14 Бригада“.