В петок, на 20 април, со почеток во 9 ч. на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, по осми пат ќе се одржи Пролетниот крос.
На манифестацијата ќе учествуваат околу 500 ученици од од четврто до деветто одделение од сите основни училишта, како и ученици од средните кочански училишта.
Организатор на оваа традиционална спортска манифестација е Сојузот на училишен спорт – Кочани, а покровител е градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.
На најуспешните учесници на Проелтниот крос ќе им бидат доделени дипломи и медали.
Во рамките на училишните спортски активности, на Пролетниот крос му претходеа подготовки со кои наставниците по Физичко и здравствено образование ги селектираа учениците со најдобра кондиција и можности за учество на оваа манифестација.