Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев ги поканува жителите на Кочани да учествуваат на проектниот форум што се реализира во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Кочани.
Втората форумска сесија ќе се одржи в петок, на 28 јуни 2019 година со почеток во 12 часот во холот на ООУ „Св. Кирил и Методиј”, во Кочани.
Учесниците на втората форумска сесија ќе имаат можност да се запознаат детално и да дискутираат за разработените проектни идеи произлезени од првата сесија, односно за концептите за предлог-проекти. Од предложените концепти за предлог проекти, оние што ќе ги исполнат критериумите за проекти, во понатамошниот форумски процес ќе бидат разработени во предлог-проекти кои ќе бидат предложени на листата за гласање за приоритетни проекти кои ќе бидат финансирани од проектниот фонд од 50.000 швајцарски франци обезбедени од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) – Швајцарска амбасада.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите ќе даде голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проект/и, предложени и подржани од жителите на општина Кочани.