Градоначалникот и секретарот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и Драган Ананиев денеска во ОУ „Никола Карев“ присуствуваа на Втората сесија од обуките во рамките на меѓународниот проект „Еразмус +“, под наслов „Роботика и инклузија на ученици со попреченост во специјалното образование“.
Реализацијата на овој проект е од особена важност заради примената на технологијата во олеснувањето на учењето кај учениците со попреченост, односно целта е со учење и технолошка поддршка децата да станат поуспешни.
Во проектот кој е започнат во 2023 и ќе трае две години, се вклучени пет држави, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип е партнерска организација, а СТЕМ Роботика Кочани е надворешен соработник.