Во непосредна близина на Подрачното училиште „Никола Карев“ во Грдовци, Општина Кочани во соработка со службите од КЈП „Водовод“, оформи детско игралиште.

Поставени се реквизити за игра, хортикултурно е уредена околината и се засадени високостеблести дрвца.

Уредувањето на овој простор претставува нова корисна содржина наменета за најмладите од Грдовци.