Центарот за развој на Источниот плански регион – Штип во рамките на проектот што се реализира во Општина Кочани, „Зелени згради за заедничка зелена иднина“, денеска во 13 ч. во училишниот двор на ОУ „Никола Карев“ организира промотивна кампања за сите ученици од петто одделение.
Целта е да се поттикнат учениците да преземат акции за заштеда на електрична енергија и вода, да користат помалку пластика, да се грижат за животната средина, да рециклираат отпад и да се подигне свеста за глобалните климатски промени.
Проектот „Зелени згради за заедничка зелена иднина“ е финансиран од првиот повик на ИНТЕРРЕГ-ИПА Прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.