Со зголемена динамика се работи на инсталирање на две фотоволтаични централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати на кровот на Пречистителната станица во с. Мојанци во рамки на проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, за кој е потпишан Договор за грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.
Вкупната вредност на проектот изнесува 447.872 евра, а грантот е во износ од 223.936 евра, односно 50% од вредноста на проектот. Останатите 50% се кофинасирање од Општина Кочани.