Хоровите на основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ и „Никола Карев“ и мандолинскиот оркестар на ОУ „Никола Карев“ освоија први места и ќе го претставуваат регионот на Државниот натпревар што традиционално се одржува во Кавадарци.
Ова се резултатите од Регионалниот натпревар на училишни хорови и оркестри што се одржа во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, а на кој настапија девет хорови, седум оркестри и вокални солисти од Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.
Според Жаклина Стојчева-Јорданова, наставник по Музичко образование, овој натпревар ја прикажува работата и постигнувањата на музички план во основните и средните училишта од овој регион, ја подобрува комуникацијата и дружењето меѓу учениците и ја засилува љубовта кон музиката кај младите воопшто.
Натпреварот го организираше Здружението на музички педагози на Република Македонија со поддршка на Бирото за развој на образованието.