По вчерашното засадување на 43 садници во месноста викана Калиманова глава на улица „Роза Петрова“, денеска беа засадени уште 120 нови садници во населбата Усова Чешма, односно покрај улицата која го спојува Кочани преку месноста викана Пресечена Скала со патот до месноста Крушка.
Во акцијата на денешното засадување нови садници беа вклучени жителите на овој крај од градот, како и директорот на КЈП „Водовод“ и градоначалникот на Општина Кочани.
Досега беа разеленети површини на неколку локации во градот и ваквата пролетна акција за озеленување на Кочани ќе продолжи и во наредните денови на нови локации.