Неодамна започна реконструкцијата на улицата „Гошо Викентиев“ во должина од 340 метри. Изведувач на градежните работи е компанијата „Ленди Груп“.

Работните активности освен реконструкцијата и асфалтирањето на улицата, вклучуваат и менување на ивичњаци и изградба на тротоарските површини. Реконструкцијата на улицата е финансирана од Светска банка.

На улицата „Гошо Викентиев“ претходно беше извршена замена на постојната водоводна линија и поставен нов атмосферски одвод, со поставување нови сливни решетки.