Доброволното противпожарно друштво – Кочани е формирано во септември 2021 година, по големата огнена стихија што го зафати Кочани, на 2 август 2021 година. Има вкупно 60 членови, од кои 25-мина се дел од Интервентната единица, а од нив 3 се жени.

Формирањето и работата на ДПД – Кочани е со поддршка од Општина Кочани, со потпишан Меморандум за соработка. Со одлука на Советот на Општина Кочани за работата на ДПД – Кочани за 2024 година се наменети 100.000 денари.

Иницијативата на координаторот за еднакви можности на жените и мажите во Општина Кочани од 2018 година, за подеднаква застапеност на мажи и жени во противпожарните единици, има успешен одраз во Доброволното противпожарно друштво.

Видеото за ДПД – Кочани е изработено со средства од Буџетот на Општина Кочани, од Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 година.

 

Линк кон видеото