Вечерва по повод големиот христијански празник Петровден, празникот на градот Кочани ќе се одржи вечерна богослужба со Високопреосвештен владика Брегалнички Иларион во храмот „св. Великомаченик Георгиј“, со почеток во 17 часот.

Во 18:30 часот ќе се одржи литија во Градскиот Парк и кршење на славскиот колач, а во 19:30 часот во Мултикултурниот центар е Духовната академија, концерт на духовна музика.

Во првиот дел на концертот ќе настапи црковниот женски хор Св. Лидија Македонска и детскиот хор Св. Роман Слаткопевец, а во вториот дел од програмата ќе настапи вокалниот изведувач Марина Јаневска во придружба на Милан Стефаноски-клавинова и Далибор Зафировски-кавал од Скопје со изворни народни песни.