Богата културно–уметничка програма беше исполнета за време на викендот по повод Петровден, празникот на градот Кочани.

Меѓу целокупната програма на 09.07.2022 на Осоговските Планини беше одржано 15. издание на традиционалниот влашки етнофестивал „На Петровден сите на планина“, додека во Мултикултурениот центар  беше одржан настап на роднокрајни афористичари.

Во текот на вчерашниот ден во Градскиот Парк, во рамки на настанот „12 часа урбан здив“ беа изложени разновидни грамофонски плочи и други изложби, промоција на книга и уште многу други настани кои се дел од овогодинашната програма за Петровден 2022.

Синоќа во вечерните часови настапија повеќе рок групи од Македонија и гости од Хрватска, меѓу кои Напорно Суисајд – Хрватска, Аксидентал Рајд, Хајка и Ласт Ексепдишн.