Во пресрет на Денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа „Бела ноќ“.
До доцна во ноќта, спроти празникот беа приредени повеќе, жанровски различни, културни содржини.
„Белата ноќ“ во Кочани започна со изложбата на графики од групата „Принт нест“ од Бугарија и Македонија, поставена во Салонот 1 на Центарот за култура.
Аматерскиот театар при Центарот за култура „Бели мугри“ ја прикажа претставата „Просидба“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Трајче Ѓорѓиев, а во изведба на Марија Ѓорѓиева, Александар Арсов и Тодор Ѓорѓиев.
На Летната сцена се одржа фолклорен концерт на кој настапија составите „Бели мугри“ и „Кочани“.
Пред полноќ, на Летната сцена, младата публика се забавуваше со џеминг со кочански музичари.