Станува збор за збир на разновидни културни содржини распоредени до доцна во ноќта, спроти 8 Септември.
„Белата ноќ“ ќе започне со изложбата на графики од групата „Принт нест“ од Бугарија и Македонија, која ќе биде поставена во Салонот 1 на Центарот за култура. Отворањето е во 20 ч.
Во 21 ч. ќе биде прикажана претставата „Просидба“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Трајче Ѓорѓиев, а во изведба на Аматерскиот театар при Центарот за култура „Бели мугри“. Улогите ги толкуваат: Марија Ѓорѓиева, Александар Арсов и Тодор Ѓорѓиев.
На Летната сцена, во 22 ч. ќе се одржи фолклорен концерт со настап на составите „Бели мугри“ и „Кочани“.
Од 23 ч. ќе настапат поп, рок и џез-бендовите „Морбид стрингс“ од Кочани, „Реинбоу спаркс“ од Штип, а ќе има и џеминг со кочански музичари.