По повод двата празника, 7 Септември – Празникот на Општина Кочани и 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, делегации од Општина Кочани, Советот на Општината и од Сојузот на борците од НОВ, в среда ќе оддадат почит на жртвите за слобода на Македонија.

Во 9 ч. делегациите ќе положат свежо цвеќе на Споменикот на слободата, а во 9:30 ч. – на спомен-бистите на првоборците Љупчо Сантов и Раде Кратовче, во Паркот на Револуцијата.