Врз основа на член 99 став (1) и член 122 став (4) од Законот за животна средина ( Сл. весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 , 187/13, 42/14, 44/15 129/15,146/15,192/15,39/16 и 99/18), односно член 136 од истиот, како и Правилникот за постапка за издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола ( Сл. Весник на РМ 04/06) и (Сл. Весник на РСМ 88/22 и 171/22) Општина Кочани
ОБЈАВУВА
Барање за издавање на Б-интегрирана еколошка дозвола
Врз основа на член 124 од Законот за животна средина ( Сл. весник на РМ 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 , 187/13, 42/14, 44/15 129/15,146/15,192/15,39/16 и 99/18), до Градоначалникот на Општина Кочани, доставено е барање за добивање Б-интегрирана еколошка дозвола (22-398/1 од 18.11.2024 год.)
Подносител на барањето:
ТДВИЛ „Европа 92“ ДООЕЛ Кочани
Локација на инсталацијата:
ул. „Крижевска“ бр. 52 Кочани
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2, точка 6, Останати активности, Подточка 6.7. Инсталации за површинска обработка на материјали, предмети или производи во кои се користат органски растворувачи, пред се за превлекување, печатење, премачкување, одмастување, постигнување водоотпорност, премачкување со туткал, бојосување, чистење или импрегнирање, со капацитет на потрошувачка од 10-150 кг/час. SNAP 0604, NOSE 107,04.
Барањето со целокупната документација ќе биде достапно за увид во рок од 15 дена од денот на објавување на барањето во еден дневен весник, во просториите на Општина Кочани (Одделение за урбанизам и заштита на животната средина) секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, како и на web страната на Општина Кочани www.kocani.gov.mk.
Заинтересираната јавност во рок од 30 дена од денот на објавување на барањето во дневен весник, има право да достави мислења и коментари во врска со барањето во писмена форма до Градоначалникот на Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр.1 2300 Кочани.
1. Барање за добивање Б – интегрирана дозвола