В петок, на 1 април 2016 година со почеток од 10. 45 ч., на Летната сцена на ЦК „Бели мугри“ ќе се одржи традиционалната манифестација по повод Денот на шегата, 1 април.
Во програмата, први ќе настапат децата од големите групи на Детската градинка „Павлина Велјанова“, потоа со своите маски ќе се претстават учениците-членови на младинската организација „Авангарда“ од СОУ „Гошо Викентиев“. Публиката ќе може да ги види и маските на учениците од сите основни кочански училишта.
„Априлијадата“ ја организира Општина Кочани со средства од Програмата за поддршка на образованието за 2016 година.