Во акцијата за расчитување на отпадот што ја спроведоа административните службеници од Кочани, на неколку локации беше собиран сметот и дистрибуиран на Градската депонија.
Општинската администрација ја расчистуваше непосредната околина на Фабриката за вода.
– Пред неколку дена овој простор повторно изгледаше застрашувачки, беше затрупан со ѓубре, шут, пластика. Очигледно, тој е на удар на несовесните сограѓани, но ние се обидуваме да се спротивставиме на нивните лоши и штетни навики. Со механизацијата на КЈП „Водовод“ создадовме услови за досредување и собирање на останатиот отпад. Долж патот, на околу 400 м поставивме ограда, за да го оневозможиме натамошното исфрлање на ѓубрето на овој потег. Акцијата за чистење што ја спроведовме со општинската администрација ја проширивме со акција за пошумување на 1 500 нови садници. На овој начин уште еднаш испраќаме порака за совесно однесување кон животната средина – соопшти за медиумите градоначалникот Николчо Илијев.
Со неколкуте акции за пошумување спроведени во изминатиов месец и половина, Општина Кочани овозможи засадување на околу четири илјади садници на различни локалитети во Кочанско.
Акции за чистење на отпадот се спроведоа и кај Спомен-домот „АСНОМ“, Споменикот на слободата и во близина на Градската депонија.