Кошаркарот на „Баскет Дино“ Дино Лазарев и каратистиката на КК „Партизан“ Мартина Шахинова се стипендисти на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа минатата година.
Дино Лазарев, кој е активен спортист во кошарката веќе 10 години, е член на Младинската кошаркарска репрезентација со која во 2022 година учествуваше на Европското првенство на М16, и беше оценет како еден од најдобрите и најпрецизни кошаркари.
Во 2022 година Мартина Шахинова освои второ место на Државното превенство во кадети, јуниори и сениори до 21 година и две трети места во категоријата кумите индивидуално (женска конкуренција) од Карате федерацијата на Македонија.
Во период од 10 месеци, Лазарев и Шахинова ќе бидат стипендирани со месечен износ од 3 илјади денари.
Општинската стипендија за спортист и спортистка-спортски надежи има за цел да ги поттикнува младите од Кочани да спортуваат и да остваруваат резултати.