Неодамна започна промената на прозорци на неколку јавни објекти во Општина Кочани. Станува збор за централната градинка „Павлина Велјанова“, Подрачното училиште „Никола Карев“ – с. Грдовци и Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ – Кочани.

Во објектот на централната градинка „Павлина Велјанова“ изведбата е завршена, додека во останатите два објекта работата е во тек и треба да биде комплетирана до крајот на 2021 година.

Изведувач на проектот на сите три објекти е „Ми комерц“ – Кавадарци. Вкупната вредност на проектот изнесува 1.900.000 денари.