Во просториите на општинската зграда на Општина Кочани беше одржан состанок со претседавачот и верификационата комисија на Локалното собрание на млади на Општина Кочани на којшто по распишаниот јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Кочани доставените пријави беа разгледани.

Комисијата констатираше дека до крајниот рок за пријавување на членови на Локалниот младински совет до Општината има пристигнато вкупно 10 (десет) пријави од повеќе организации. Локалното собрание на млади во текот на месец јануари ќе одржи седница на која од номинираните членови од организациите чии пријави се прифатени, ќе изберат членови на Локалниот младински совет на Општина Кочани.

Номинираните кандидати на самата седница ќе се претстават со своја кратка програма во која нивните идеи и размислувања би биле вклучени во понатамошните активности за функционирање на Локалниот младински совет, по што делегатите на Локалното младинско собрание од вкупниот број на пријавени со тајно гласање ќе изберат 5 (пет) челнови за младинскиот совет на Општина Кочани.