Вчера, 28.12.2021 година, со почеток во 18,00 часот онлајн се одржа Новогодишниот концерт на учениците од ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани, којшто секоја година традиционално се организира.

На Новогодишниот музички концерт учениците настапија со нивните прекрасни изведби, а нашите сограѓани имаа можност целиот пренос на концертот да го следат во живо на нивната фејсбук страница.

Честитки за учениците, наставниците и сите кои зедоа дел од учеството на концертот за нивните успешни настапи, се надеваме дека наскоро ќе имаме можност повторно да уживаме во нивните изведби со физичко присуство.