![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/04/Општина-Кочани-69.jpg)
Нова вештачка тревна подлога е поставена на фудбалското игралиште во училишниот двор на училиштата „Љупо Сантов“ и „Св. Кирил и Методиј“.
Вредноста на проектот е околу 1,5 милион денари, средства од буџетот на Општина Кочани. Изведувач на работите e фирмата „Колибри Маријана“ од Скопје.
– Дотраената подлога е замената со нова на површина од 924 м2, а според стандардите поставен е и кварцен песок и гума за заштита од повреди – соопшти Влатко Димитров, помошник-раководител на Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани.
Корисници на повеќенаменските игралишта се двете кочански училишта, а за хигиената се грижи КЈП „Водовод“.
Прашањето на заштитата и одржливоста на овој спортски терен ќе се решава наскоро со усогласување на потребите на корисниците со Општината.
![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/04/Општина-Кочани1-59.jpg)