Во месноста Кај Дабот, во близина на кочанското село Бели, во организација на Црвениот крст и Клубот на млади од Кочани се одржува тридневниот младинско-едукативен камп на тема „Подготвеност и дејствување при катастрофи“.
На кампот младите волонтери од единаесет општински организации на Црвениот крст се обучуваат за планирање на одржливи практики за подготвеност, дејствување при катастрофи, безбедност и прва помош како и за придонесот во градењето на култура за безбедност.
Учесниците на кампот ги посети градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев кој ја истакна важноста на младите и нивната подготвеност за дејствување во услови на непогоди.
– Соработката на волонтерите од Црвениот крст со институциите надлежни за справување со елементарни непогоди треба да биде на високо ниво, за да може заеднички и брзо да се дејствува, како што беше и при неодамнешниот случај со пожарот на Осоговските Планини. Без таква соработка, ефектите нема да бидат како посакуваните. Особено важно е да работиме на градењето на култура кон јавното добро, природните богатства, но и на елементарната култура за безбедност – рече Илијев.
Кампот ќе трае до 15 август.