Проектот „Реинтеграција на младите преку подобрена интердисциплинарна помош за адолесценти“ од програмата Еразмус плус ги заврши задолжителните обуки од експертите и започна со практичната работа односно со спроведување на новооснованата меѓудисциплинарна програма за адолесценти.
Во следниот период од шест месеци ќе се спроведуваат осум персонализирани работни сесии кои ќе бидат составени од еден обучен младински работник и двајца или тројца млади (млади со географски препреки – со поголема оддалеченост од урбаната средина, од загрозени семејства, од ромската заедница или млади сторители на ситни кривични дела). Тие заедно со обучените работници, двајца од Општина Кочани и еден од НВО Авена ќе развиваат проекти кои ќе бидат од интерес на целата заедница. За реализација на избраниот проект (подготвен од младите) има обезбедено средства од програмата Еразмус плус.
Инаку проектот „Реинтеграција на младите преку подобрена интердисциплинарна помош за адолесценти“ започна од март 2025 година. Во него учествуваат Општина Пазарџик и една невладина организација од Бугарија, Општина Санта Ана и невладина организација од Гвадалупе- Франција и Општина Кочани и НВО Авена од Македонија.























