Во рамки на активностите беше отстранета самоникнатата вегетација, собран и изнесен насобраниот отпад, а просторот е исчистен и приведен во уредна состојба. Со оваа интервенција се спречува појава на дива депонија и на потенцијални здравствени ризици.
За жителите од овој дел на градот подобрено е и јавното осветлување.
Општина Кочани апелира до граѓаните за совесно и одговорно однесување, со почитување на правилата за јавна чистота и хигиена. Секој поединец има улога во зачувувањето на уредна и здрава животна средина, а заедничката грижа е предуслов за чист и достоинствен град.
Акциите за расчистување и уредување на јавните површини ќе продолжат и во наредниот период, како дел од континуираните напори на Општина Кочани за подобрување на квалитетот на живеење.























