На 13 и 14 мај, во периодот од 20 ч. до 3 ч. се спроведе првата фаза од овогодишното прскање против комарци во Кочанско.
– Запрашувањето се изврши во градот Кочани и во низинските села Тркање, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари, како и во селото Бели, на територија од околу 300 хектари. Оваа превентивна дезинсекција се вршеше од земја, со широкопојасен инсектицид, а ја изведе Центарот за јавно здравје од Битола, изјави Гоце Серафимов од Одделението за урбанизам и заштита на животната средина во Општина Кочани.
Во наредниот период претстојат уште три прскања од земја и едно авионско.