Врз основа на членот 33, став 1, алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015) ја свикувам 3. седница на Советот на Општина Кочани за 06.12.2021 година, (понеделник) во 10:00 часот, во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01.до 30.09.2021 година
- Годишен план за вработување во КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
- Предлог-одлука за утврдување на приоритетен проект и за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Изградба на улицата Јордан Зафиров (ул.546) и реконструкција на улицата ‘Роза Петрова’ од ул. „554“ до крстосување со ул. „Ристо Симеонов“ (дел 1)
- Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за долгорочно задолжување на Општина Кочани во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги ( Втор МСИП 02 /2018)
- Предлог-решение за изменување на Решение за формирање на стручна комисија за процена на штети предизвикани од елементарна непогода (пожари) на подрачјето на општина Кочани
- Барање согласност за раскинување на договор за закуп
- Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година.
Претседател
на Советот на Општина Кочани,
Лазо Митев с.р.