Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, в среда на 5 јули 2017 г., од 4 до 8 часот наутро, стручни екипи ќе ја спроведат првата фаза од авиотретирањето против комарци.
Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување комарци – широкопојасен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.
Со авиотретманот ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и во поголемиот дел од низинските села што припаѓаат на територијата на општина Кочани.
Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки.
Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот ден.
![](http://192.168.1.5:81/kocani/wp-content/uploads/2018/03/a788c1410607f91db6c6a3886dd125cb.jpg)