Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, ЕВН Македонија известува дека на 27.11.2020 година, без напојување со електрична енергија ќе останат неколку реони во Кочани.

Од 10 до 12 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците од: зградата и дуќаните над аптеката Зегин во Трговскиот центар, дуќаните околу Топ шоп, ул. Маршал Тито (објектите во поранешниот Шопинг центар).

Од 10 до 14 часот без електрично напојување ќе бидат корисниците од: ул. Пролетерски бригади, ул. Македонска, станбената зграда спроти Жито ориз, ул. 7 Септември, ул. Крум Вранински, населба Усова Чешма, ул. Руен, ул. Мишо Арсов.