По повод големиот празник, Денот на Републиката, кога се навршуваат 76 години од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание.  градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка до граѓаните, во која се вели:

– Илинденската епопеја е континуитетот на македонската историја, симболот на победата којшто ги соединува Илинденското востание и АСНОМ, 1903 и 1944.

Илинден ја трасира македонската државотворност и ги спојува стремежот, непокорот и победата.

Илинден нека нѐ поттикнува заеднички и сплотено да ги да стремиме кон нови, поголеми демократски придобивки, праведно општество, економски постабилна и попросперитетна европска иднина – се вели во честитката од градоначалникот Илијев.

Во знак на почит кон жртвите за слободата, делегација од Општина Кочани и делегации од локални партиските ограноци, положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата.

По иницијатива на училиштето што го носи името на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, делегации од училиштата и градоначалникот положија цвеќе на споменикот на Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани.