ВИД  НА УСЛУГАТА Издавање на Лиценца и извод од лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА

–        Барање за издавање на Лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај,

–        Доказ за впишување во Централен регистар на РМ и дека има регистрирано приоритетна дејност /главна приходна шифра вршење превоз на патници во патниот сообраќај (Тековна состојба непостара од 6 месеци),

–        Доказ дека превозникот е сопственик на  две или повеќе регистрирани возила за одделни видови превози  или да има договор за лизинг (фотокопија од сообраќајните дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата заверени на нотар или копија од договорот за лизинг склучен со овластен дистрибутер заверен на нотар),

–        Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај издадена од станиците за технички преглед на моторните возила со точно утврдена класа на возилото или сертификат за исполнување на критериумите за безбедност на возилата (­за секое возило посебно),

–        Копии од обрасците М1/М2 и список на вработени по обврзник од ФПИО непостар од 60 дена (минимум еден возач по возило),

–        Копија од сертификатот за професионална компетентност за управителот на фирмата, односно на овластеното лице одговорно за превоз кое е во редовен работен однос кај превозникот, издаден од Министерството за транспорт и врски,

–        Потврда дека не е изречена правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството и од областа за безбедноста со казна затвор од една до десет години, за време на извршување на казната, за правното лице и управителот на правното лице,

–        Потврда дека не е изречена прекршочна мерка на безбедност – забрана за вршење на професија, дејност или должност со казна затвор од една до десет години, за време на извршување на казната, за правното лице и управителот на правното лице.

–        Уплатница за платена-  административна такса- 50 денари за барање,

–        Уплатница за платена-  административна такса за издавање на Лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај -6000 денари.

АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА

Админитративна такса за поднесување на барањето

Износ: 50 денари

Сметка:100-0000000630-95

Уплатна сметка:840 136 03 182

Приходна шифра:722315

Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Кочани

Банка на примач: НБРМ

Админитративна такса за издавање на Лиценца за вршење на општински превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај

Износ: 6000 денари

Сметка:100-0000000630-95

Уплатна сметка:840 136 03 182

Приходна шифра:722315

Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Кочани

Банка на примач: НБРМ

ПРИЕМ НА БАРАЊЕТО Едношалтерска канцеларија во Опшина Кочани
МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА Сектор за правни, јавни дејности и општи работи/ Одделение за правни и општи работи од 7.30 до 15.30 часот
РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА 30 дена од приемот на барањето
НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ ДО СТРАНКАТА

–      Со лично подигање на документот од седиштето на Општина Кочани,

–      По пошта,

–      Доставување во седиштето/адресата на барателот

 РОК НА ЖАЛБА 8 дена од приемот на документот
ЗАКОНСКИ ОСНОВ Закон за превоз во патниот сообраќај
ЗАБЕЛЕШКА Барањето може да се подигне од Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани