ВИД НА УСЛУГАТА | Издавање на замена на извод од лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници |
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА |
– Барање за издавање на замена извод од лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници, – Доказ дека превозникот е сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за одделни видови превози или да има договор за лизинг (фотокопија од сообраќајните дозволи на возилата регистрирани на име на фирмата заверени на нотар или копија од договорот за лизинг склучен со овластен дистрибутер заверен на нотар) за возилото што го користи по тој основ, – Копија од потврдата за исполнетост на посебните техничко-експлоатациони услови за моторните возила наменети за вршење на одделни видови на превоз во патниот сообраќај издадена од станиците за технички преглед на моторните возила со точно утврдена класа на возилото или сертификат за исполнување на критериумите за безбедност на возилата (за секое возило посебно), – Копии од обрасците М1/М2 и список на вработени по обврзник од ФПИО непостар од 60 дена (минимум еден возач по возило), – Копија од сертификатот за возачот, кој е во редовен работен однос кај превозникот, – Доказ дека во возилото со кое се врши авто-такси превоз е вграден фискален исправен, пломбиран и баждарен апарат (таксиметар) (Копија од сертификат за верификација на мерило (Биро за метрологија Министерство за економија) и Решение за регистрација на фискална опрема -УЈП), – Копија од лична карта на возач/те, – Доказ (фотографии) од возилото/та за исполнување на условот за бојата на такси возилата со кои се врши превоз на патници- бела боја, со жолто обоени гепек и хауба, – Уплатница за платена- административна такса- 50 денари за барање, – Уплатница за платена- административна такса за користење на авто такси станици (8.000 ден. за секое такси возило за период од 4 години, односно сразмерно за периодот за кој е издаден извод од лиценца и тоа за период до шест месеци 1.000 ден. до една година 2.000 ден.). |
АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА |
Админитративна такса за поднесување на барањето Износ: 50 денари Сметка:100-0000000630-95 Уплатна сметка:840 136 03 182 Приходна шифра:722315 Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Кочани Банка на примач: НБРМ Цел на дознака: издавање на лиценца за вршење на авто такси превоз на патници
Админитративна такса за користење на авто такси станици Износ: (8.000 ден. за секое такси возило за период од 4 години, односно сразмерно за периодот за кој е издаден извод од лиценца и тоа за период до шест месеци 1.000 ден. до една година 2.000 ден.) Сметка:100-0000000630-95 Уплатна сметка:840 136 03 182 Приходна шифра:722315 Примач: трезорска сметка, Буџет на Општина Кочани Банка на примач: НБРМ |
ПРИЕМ НА БАРАЊЕТО | Едношалтерска канцеларија во Опшина Кочани |
МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Сектор за правни, јавни дејности и општи работи/ Одделение за правни и општи работи од 7.30 до 15.30 часот |
РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | 30 дена од приемот на барањето |
НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ ДО СТРАНКАТА |
– Со лично подигање на документот од седиштето на Општина Кочани, – По пошта, – Доставување во седиштето/адресата на барателот |
РОК НА ЖАЛБА | 8 дена од приемот на документот |
ЗАКОНСКИ ОСНОВ | Закон за превоз во патниот сообраќај |
ЗАБЕЛЕШКА | Барањето може да се подигне од Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани |
Кочани
- МЕРНИ СТАНИЦИ
- ПОПИС 2021
- КОВИД – 19
- Вести
- Огласи и соопштенија
- Јавни набавки
- Буџет на Општина Кочани
- Седници на совет
- Седница на совет во живо
- Одлуки на Советот
- Локален Совет за превенција
- Урбанизам
- Економија
- Образование
- Култура
- Спорт
- Млади
- Туризам
- Публикации
- Животна средина
- Урбани и месни заедници
- Еднакви можности
- Социјална заштита
- Проекти
- Даноци и такси
- Локален економски развој
- Документација околу изградбата на малата хидроцентрала на Мала Река