ВИД НА УСЛУГАТА | Доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за поправка и оспособување на станбен простор |
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА |
Финансиската помош за поправка и оспособување на станбен простор се доделува на социјално загрозени граѓани во следните случаи: – поради дотраеност на објектот се случило пропаѓање на станбениот простор и постои потреба од поправка и оспособување на истиот, а граѓанинот нема материјални можности тоа сам да го направи; – поради невреме или елементарна природна непогода (поплава, пожар,земјотрес и сл.) станбениот простор е уништен не по вина на барателот и е потребно негово санирање, а барателот нема материјални можности тоа сам да го направи.
За остварување на правото за доделување на финансиската помош за поправка и оспособување на станбен простор по основ на поради дотраеност на објектот (чл.3 ст.1 ал.1 од Правилникот) барателот поднесува: – барање – фотокопија од лична карта, – изјава за давање на согласност за користење на лични податоци,во оригинал, – изјава за семејна состојба, во оригинал, – доказ за социјалниот ризик на барателот: за корисник на социјална парична помош или на постојана парична помош -потврда од Центарот за социјални работи; за невработено лице за -потврда од Агенцијата за вработување на РМ за барателот и брачниот другар; доколку барателот и неговиот брачен/вонбрачен не остварува/ат никакви примања по било каков основ доставува Уверение за пријавени и остварени приходи за претходната година за барателот и брачниот/вонбрачниот другар, – имотен лист за сопственост на објектот, а за бесправно изграден објект потврда дека истиот е во процес на легализација (во оригинал, непостар од 1 месец).
За остварување на правото за доделување на финансиската помош за оспособување на објект кој настрадал поради невреме или елементарна непогода (поплава, пожар,земјотрес и сл.), не по вина на барателот (чл.3 ст.1 ал.2 од Правилникот) барателот поднесува: – Барање, – фотокопија од лична карта, – изјава за давање на согласност за користење на лични податоци,во оригинал, – изјава за семејна состојба, во оригинал, – доказ за социјалниот ризик на барателот: записник од Полициска станица од општа надлежност Кочани и/или записник од ТППЕ Кочани, – имотен лист за сопственост на објектот, а за бесправно изграден објект потврда дека истиот е во процес на легализација (во оригинал, непостар од 1 месец). |
АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА | Согласно чл.15 ст.1 т.20 од Законот за административните такси од плаќање такса се ослободени граѓаните со слаба имотна состојба, корисници на основни и други права според Законот за социјална заштита. |
ПРИЕМ НА БАРАЊЕТО | Едношалтерска канцеларија во Опшина Кочани |
МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА | Одделение за јавни дејности од 7.30 до 15.30 часот |
РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА | 15 дена (ЗОУП) |
ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ДОСТАВУВАЊЕ ДО КАНДИДАТОТ |
Врз основа на списите од предметот по поднесеното барање и приложените докази, доколку истото е основано, Градоначалникот донесува одлука со која на барателот му одобрува финансиска помош за санирање на дотраениот објект од пропаѓање или за оспособување на уништениот објект поради невреме или елементарна непогода, а висината на одобрената помош ја утврдува врз основа на приложена спецификација (предмер-пресметка) за градежни материјали кои ќе се користат за поправка, оспособување на објектот, изготвена од комисија согласно направената процена од увидот на лице место. Доколку барањето е некомплетно, нецелосно или неосновано, Градоначалникот ќе донесе одлука за неприфаќање на истото. За донесената одлука од Градоначалникот се известува писмено барателот. |
РОК НА ПРИГОВОР | Против одлуката на Градоначалникот може да се поднесе приговор во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на одлуката. |
ЗАКОНСКИ ОСНОВ |
Закон за локалната самоуправа. Закон за социјалната заштита. Правилник за уредување на начинот и условите на доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за поправка и оспособување на станбен простор бр.09-2257/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017). |
ЗАБЕЛЕШКА |
Правилникот за за уредување на начинот и условите на доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за поправка и оспособување на станбен простор бр.09-2257/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017) со кој подетално се пропишува начинот и условите за доделување на финансиска помош на социјално загрозени граѓани, жители на општина Кочани за поправка и оспособување на станбен простор е објавен на веб страната на Општина Кочани: www.kocani.gov.mk. Основната цел која се очекува да се постигне преку доделувањето на овој вид на помош е обезбедување на транспарентна, социјална, достапна, ефикасна и квалитетна мерка за потребите на корисникот кој е материјално необезбеден и нема средства за егзистенција. |
Кочани
- МЕРНИ СТАНИЦИ
- ПОПИС 2021
- КОВИД – 19
- Вести
- Огласи и соопштенија
- Јавни набавки
- Буџет на Општина Кочани
- Седници на совет
- Седница на совет во живо
- Одлуки на Советот
- Локален Совет за превенција
- Урбанизам
- Економија
- Образование
- Култура
- Спорт
- Млади
- Туризам
- Публикации
- Животна средина
- Урбани и месни заедници
- Еднакви можности
- Социјална заштита
- Проекти
- Даноци и такси
- Локален економски развој
- Документација околу изградбата на малата хидроцентрала на Мала Река