ВИД  НА УСЛУГАТА Доделување на еднократна помош во вид на социјални пакети за новородени деца од социјално загрозени семејства жители на општина Кочани
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УСЛУГАТА
  1. Барање за остварување на еднократна помош во вид на социјален пакет за новороденче (готов образец од општината),
  2. Лична карта од родителите (фотокопија),
  3. Извод од матичната книга на венчаните, во фотокопија- ако барателот е во брачна зедница,
  4.  Изјава дека барателот живее во вонбрачна заедница, во оригинал, дадена под морална, материјална и кривична одговорност од барателот;
  5. Извод од матичната книга на родените за детето, во фотокопија;
  6. Писмен доказ за докажување на социјалниот ризик на барателот и неговиот брачен/вонбрачен другар. За докажување на статусот на социјален ризик на барателот и  неговиот брачен/вонбрачен другар потребно е да се исполнуваат најмалку еден од следните услови:

–          да е корисник на социјална парична помош – се докажува со доставување на потврда од Центарот за социјална работа- во оригинал, непостара од 1 месец;

–          да е корисник на постојана  парична помош – се докажува со доставување на потврда од Центарот за социјална работа- во оригинал, непостара од 1 месец;

–          барателот и неговиот брачен/вонбрачен другар да се невработени – се докажува со доставување на потврда од Агенција за вработување на РМ- во оригинал, непостара од 1 месец;

–          барателот и неговиот брачен/вонбрачен другар да не остваруваат приходи по било каков основ – се докажува со доставување на Уверение за пријавени и остварени приходи од Управа за јавни приходи за последната година- во оригинал, непостар од 1 месец;

–          за самохрана мајка во случај на непризнавање на татковство – се докажува со Изводот од матичната книга на родените за детето.

  1. Изјава за семејната состојба,  во оригинал,  дадена под морална, материјална и кривична одговорност од барателот;
  2. Изјава за користење на лични податоци, во оригинал –од барателот и неговиот брачен/вонбрачен другар;
АДМИНИСТРАТИВНА ТАКСА Согласно чл.15 ст.1 т.20 од Законот за административните такси од плаќање такса се ослободени граѓаните со слаба имотна состојба, корисници на основни и други права според Законот за социјална заштита.
ПРИЕМ НА БАРАЊЕТО Едношалтерска канцеларија во Опшина Кочани
МЕСТО НА РЕАЛИЗАЦИЈА Одделение за јавни дејности од 7.30 до 15.30 часот
РОК НА РЕАЛИЗАЦИЈА 15 дена (ЗОУП)
ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ И ДОСТАВУВАЊЕ ДО КАНДИДАТОТ

Врз основа на поднесеното барање и приложените докази, доколку истото е основано и е поднесено во согласност со условите од Правилникот, Градоначалникот донесува одлука со која на барателот ќе му одобри и додели еднократна помош во вид на социјален пакет за новороденче во висина до 3.500,00 денари.

За донесената одлука писмено се известува барателот.

 РОК НА ПРИГОВОР Против одлуката на Градоначалникот за доделување на еднократна помош во вид на социјален пакет за новороденче може да се поднесе приговор во рок од 3 (три) дена од денот на приемот на одлуката.

 

ЗАКОНСКИ ОСНОВ

Закон за локалната самоуправа.

Закон за социјалната заштита.

Правилник за уредување на поблиските услови, критериуми и начинот на доделување на еднократна помош  во  вид на социјални пакети  за новородени деца од социјално загрозени семејства, жители на општина Кочани бр.09-2255/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017).

ЗАБЕЛЕШКА

Со Правилникот за уредување на поблиските услови, критериуми и начинот на доделување на еднократна помош  во  вид на социјални пакети  за новородени деца од социјално загрозени семејства, жители на општина Кочани бр.09-2255/1 од 15.12.2017 година (Службен гласник на Општина Кочани бр.13/2017) подетално се пропишуваат поблиските услови, критериуми и начинот на доделување на еднократна помош во вид на социјални пакети за новородени деца од социјално загрозени семејства жители на општина Кочани, истиот е објавен на веб страната на Општина Кочани:  www.kocani.gov.mk.

Вредноста на социјалниот пакет за новороденче од социјално загрозено семејство изнесува 3.500,00 денари.

Барањето за остварување на еднократна помош во вид на социјален пакет за новороденче се поднесува најдоцна до наполнети три месеци живот на детето.

Основната цел која се очекува да се постигне преку доделувањето на овој вид на помош е обезбедување на транспарентна, социјална, достапна, ефикасна и квалитетна мерка за потребите на корисникот.