Врз основа на членовите 6 и 8 од Правилникот за постапка и критериуми за распределба на средствата од Буџетот на Општина Кочани во областа на спортот, бр.09-2306/1 од 29.10.2018 година,  Општина Кочани упатува:

ЈАВЕН ПОВИК

За поднесување на годишен извештај на спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програмата за спорт за 2018 година на  Општина Кочани

Спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програмата за спорт за 2018 година на Општина Кочани се должни за потрошените средства кои им биле дадени да достават извештај до Општина Кочани.

Извештајот од став 1 на овој член ги содржи особено следниве елементи:

Наративен дел:

  • реализирани активности (учества во општински, регионални и национални лиги, државни и меѓународни турнири);
  • остварени спортски резултати;
  • собрани средства од членарина
  • број и пол на членови на клубот;
  • активности со подмладок.

Финансиски дел:

  • Детален приказ за потрошени средства поткрепен со документација (платени фактури, исплатни листови, извод од банка, фискални сметки, резервации во хотел, билети за транспорт и сл)

Извештајот спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програната за спорт за 2018 година на  Општина Кочани треба да го достават до едношалтерската канцеларија на Општина Кочани најкасно до 20.02.2019 година

Спортските клубови, сојузи и здруженија корисници на средства од Програната за спорт за 2018 година на  Општина Кочани доколку поднесат Извештај ги ќе можат да користат средства од Програмата за спорт на Општина Кочани за 2019 година.

Раководител на одделение за јавни дејности

Голубинка Георгиева

ОБРАЗЕЦ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАЈ (СПОРТ)

Врз основа на членовите 6 и 8 од Правилникот за постапка и критериуми за распределба на средствата од Буџетот на Општина Кочани во областа на културата бр.09-2669/1, точка 2.2 од 13.12.2018 година, Општина Кочани упатува

ЈАВЕН ПОВИК

за поднесување на годишен извештај за наменски потрошени средства доделени на физичко лице или здружение од Програмата за  култура на  Општина Кочани за 2018 година.

Физичките лица и здруженијата корисници на средства од Програмата за култура за 2018 година треба да пополнат и достават извештај до Општина Кочани најдоцна до 22 февруари 2019 година, до Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани или на е-адресата: info@kocani.gov.mk

 Одделение за јавни дејности,

 Општина Кочани

ОБРАЗЕЦ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ИЗВЕШТАЈ (КУЛТУРА)