По повод Денот на литературата за деца, под мотото „Другарувањето со книгите ни е песна“, Библиотеката „Искра“ организира Фестивал на децата, музиката и книгата.

Програмата ќе започне во вторник, 2 април 2019 г. во 9:30 ч. со портрет на роднокрајната авторка Славица Цветкова,  а во 10 ч. ќе биде промовирано творештвото на Трајче Кацаров, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за 2018 г.

Едновремено, во просториите на Библиотеката ќе се одржи ликовна работилница со  илустраторката Натали Николовска, а во текот на денот ќе има продажен штанд на издавачката куќа „Македоника литера“.

Во текот на денот ќе се одржат и литературни средби на авторите Јадранка Клисарова, Христо Петрески, Ленче Стоименова и Нове Цветановски, со основци од Кочани.

Централниот настан ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар, со почеток во 11:30 ч. каде со музички и литературни точки ќе настапат ученици од основните училишта од Кочани и од Јазичниот центар „Амичи“.

Проектот е дел од Годишната програма на Министерството за култура  за 2019 г., а  негов координатор е Магдалена Кочовска-Салтирова.