Денеска се одржа електронското јавно наддавање за отуѓување на трите градежни парцели за викенд куќи на Пониква, понудени на продажба со 31-та објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија.

Градежните парцели чија површина е од 449 до 654 метри квадратни се отуѓени по цена од 181 до 430 денари за метар квадратен или вкупно за 574 389 денари.

Со ова заврши отуѓувањето на тринаесетте парцели од 31-та објава, од која се продадоа десет, меѓу кои една за станбена зграда во населбата Калиманова Глава. Изостана интересот за купување на двете парцели наменети за лесна индустрија и мало стопанство и за една за индивидуално домување.

Со продажбата на десетте парцели се инкасирани 16,9 милиони денари, од кои 80 проценти ќе влезат во Буџетот на Општина Кочани.