Почитувани,

Последните написи што се појавија преку анонимни фејсбук-профили, очигледно го покажуваат стравот на одредени деструктивни сили кои не им мислат добро на Кочани и на граѓаните на Кочани.

Тие деструктивни сили се плашат од нашето рационално управување, отчетно работење за секој потрошен денар, се плашат од проектите за реализација надвор од Буџетот на Општина Кочани чиј износ е повеќе од 3,2 милиони евра!

На таквите сили им порачуваме дека целосно остануваме посветени на граѓаните и на решавањето проблеми од јавен интерес од локално значење.

Граѓаните на Кочани веќе го знаат мојот начин на работа. Затоа, под целосна морална, материјална и кривична одговорност изјавувам дека информациите пласирани преку анонимни фејсбук-профили и партиски портали во целост се неточни и се надвор од мојот принцип на работа. Исто така, членови на моето потесно семејство никогаш ниту аплицирале ниту добиле помош од државата. Жал ми е што со дезинформации им се нанесува ненадоместлива штета на реномирани стопанственици.

Разрешница за ова веќе бараме преку правниот систем и очекуваме од надлежните служби да постапат по правните поднесоци и да ги соопштат имињата на креаторите на лажните вести.

Ги повикувам граѓаните да бидат внимателни при примањето на информациите и да им веруваат на оние што содржат факти и извори на информирање.

Градоначалник на Општина Кочани,

Николчо Илијев