ОУ „Св. Кирил и Методиј“

ОУ „Св. Кирил и Методиј“ е изградено 1974 година, во состав на ОУ„Моша Пијаде“ – Кочани. Од 1982 год. се издвојува како самостојно училиште. Лоцирано е во централното градско подрачје, а во неговиот состав работат и две подрачни училишта – во с. Горни Подлог каде се одвива настава од прво до деветто одделение и во селото Бели – од прво до петто одделение со настава во комбинирани паралелки.

Емаил: sv.kirilimetodijkm@yahoo.com

 

ОУ „Никола Карев“

Во ОУ „Никола Карев“ покрај редовната настава од прво до деветто одделение, е овозможен продолжен престој за една паралелка ученици. Од март 2013 година, во употреба е Спортската сала „Никола Карев“, која се наоѓа во дворот на училиштето. Наменета е исклучиво за малите спортови, со капацитет од 500 седишта во публиката, кабинети, гардероби, реквизити. Во неа се изведуваат наставата по физичко и здравствено образование и други спортски настани.

Емаил: nikolakarev_1957@yahoo.com

 

ОУ „Малина Попиванова“

Училиштето „Малина Попиванова“ е основано во 1985 год. и е единствено училиште во Кочани кое опфаќа ученици со посебни потреби – лесен ментален хендикеп. Располага со две училишни згради и една спортска сала. Во ова училиште се реализира проектот за Образовна ресоцијализација на деца кои не се опфатени со редовно образование.

Емаил: malinapopivanova@yahoo.com

 

ОУ „Раде Кратовче“

ОУ „Раде Кратовче“ постои од 1936 година и е најстарото училиште во Кочани. Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во селото Нивичани, каде се одвива настава од прво до деветто одделение во комбинирани паралелки.

ОУ „Раде Кратовче“ и во 2014 година (претходно во 2007, 2009, 2011) доби Зелено знаме од Светската организација ОХО, со што го потврди епитетот еко-училиште.

Емаил: radekratovce@gmail.com

 

ОУ „Крсте Мисирков“

ОУ „Крсте П. Мисирков” се наоѓа во централното подрачје на кочанската населба Оризари. Во состав на училиштето работи едно подрачно училиште во селото Прибачево, каде се одвива настава од прво до трето одделение во една комбинирана паралелка. Потоа од четврто до деветто одделение учениците го продолжуваат школувањето во училиштето во Оризари.

Емаил: orizari kpmisirkov@yahoo.com

 

Основно музичко училиште „Ристо Јуруков“

Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ од Кочани е основано 1956 год. Тоа претставува современа воспитно-образовна институција, во која учат 160 ученици, а нив ги образуваат 11 наставници. Музичкото училиште е посебно препознатливо по организацијата на традиционалниот Новогодишен концерт во кој се вклучени околу двесте поранешни и сегашни ученици и наставници од ова училиште.

Емаил: risto_jurukov@t-home.mk