В среда, на 30 јануари 2019 година, со почеток во 9 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 21-та редовна седница, со следниот предлог-дневен ред:

  1. Предлог-планови за запишување ученици во прва година во општинските средни училишта „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“ во учебната 2019/20 година;
  2. Барање мислење за Програмата за организирање екскурзиии од СОУ„Љупчо Сантов“ – Кочани;
  3. Информација за чистењето на одводните канали и речните корита на подрачјето на општина Кочани во 2018 година;
  4. Предлог-план за чистење на каналите и речните корита на подрачјето на општина Кочани за 2019 година ;
  5. Информација за водоснабдувањето и здравствената исправност и квалитетот на водата за пиење од градскиот водовод и другите водоснабдителни објекти во општината;
  6. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2018 година;
  7. План за работа на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2019 година;
  8. Предлог-одлука за давање согласност на КЈП „Водовод“ – Кочани за отпочнување процедура за добивање лиценци за производство и продажба на електрична енергија;
  9. Извештај за извршен попис на Општина Кочани за 2018 година;
  10. Предлог-одлука за расходување на основни средства и ситен инвентар на Општина Кочани;
  11. Информација за активностите на организациите на лица со хендикеп во општина Кочани за 2018 година со програми за работа за 2019 година;
  12. Информација за пошумувањето и заштита од ерозија на подрачјето на општина Кочани;
  13. Предлог-одлука за утврдување на просечни цени на земјоделско и градежно земјиште по извршени купопродажби од претходна година;
  14. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за определување зони и пресметковни бодови за утврдување на пазарната вредност на згради и други градежни објекти кои се изградени на подрачјето на општина Кочани;
  15. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2018 година, четврти квартал;
  16. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2019 година;
  17. Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани за 2019 година;
  18. Предлог-одлука за формирање Центар за ран детски развој ,,Тркање“ во состав на ПУ ,,Никола Карев“ на ул. ,, Маршал Тито“ бр. 20 во с. Тркање, Општина Кочани;
  19. Предлог-одлука за резервирани средства за експропријација, согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2019 година.

В понеделник, на 28 јануари 2019 година ќе заседаваат и комисиите.  Од 10:30 ч. е седницата на Комисијата за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата; во 11:30 ч. е седницата на Комисијата за култура, образование и спорт и права на децата; во 12:15 ч. ќе започне седницата на Комисијата за финансии, буџет и локален екомоски развој; во 13:30 ч. ќе се одржи Комисијата за здравство и социјална заштита и во 14:30 ч. е Комисијата за земјоделство. Сите седници на комисиите се одржуваат во малата сала за состаноци во општинската зграда.

На 28 јануари во Салата на Советот на Општина Кочани од 9 до 10:30 ч. за членовите на Советот на Општина Кочани ќе се спроведе обука на тема „Просторно и урбанистичко планирање“. Предавач ќе биде Марија Салтирова Јовановска, советник по урбанизам во Општина Кочани.