Од 7 до 10 мај 2026 година,  ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари го организира XII Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“.

Приемот на гостинските фолклорни групи од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора ќе се одржи во Етноклубот на ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари, в петок, на 8 мај, со почеток од 19 часот, а традиционални ѓурѓовденски обичаи ќе бидат прикажани на 7 и на 8 мај, во Зрновци и во Оризари.

Фолклорниот концерт ќе се одржи на 9 мај (сабота) со почеток од 16 часот во дворот на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Оризари. По концертот ќе следува дегустација на над 50 традиционални јадења, а со традиционална храна ќе се претстават и гостите од Србија, Босна и Црна Гора.

Фестивалот „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“ финансиски го поддржува и Општина Кочани.