ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Меѓународна соработка и богата културна програма на фолклорниот фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“

Во духот на традицијата,  зачувувањето и афирмацијата на културното наследство и меѓународното пријателство, викендов во Оризари и Зрновци се одржа XII Меѓународен фолклорен фестивал „Традиционални ѓурѓовденски обичаи, песни и ора“, во организација на Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари.   Во рамките на фестивалската програма, градоначалникот Владко Грозданов присуствуваше на свечениот прием организиран за гостите […]

„Обој го Кочани“ – креативна дружба со уметникот Пучо и Европската Унија

На 9 и 10 мај 2026 година, уметничкиот настан „Обој го Кочани“ ќе го претвори градот во простор за креативност, дружба и нова енергија. На Големите скали во Трговскиот Центар со уметникот Пучо, во текот на целиот ден, ќе има содржини што го бојат градот со идеи, уметност и заедништво.   Со Аспарух Михаилов и […]

Во петок, 8 мај – Генералка викенд во Кочани

Општина Кочани, во соработка со училишта и невладини организации, в петок, 8 мај, со почеток од 9 ч., ќе спроведе активности за собирање и селектирање отпад на четири локации, во рамките на националната акција Генералка викенд. Ќе се расчистува расфрланиот отпад во околината на Градскиот стадион „Никола Мантов“ – кај Градскиот базен, во населбата Тикешински […]

Започна изградбата на велодром во населбата Калиманова Глава во Кочани

Општина Кочани започна со реализација на велодром, лоциран во населбата Калиманова Глава, на дел од паркот меѓу улиците „Скопска“ и „Сремска“, со средства коишто се целосна донација од Стопанска банка АД – Скопје.   – Добиваме ново катче за најмладите сограѓани на Кочани каде што ќе можат да ги остават за момент телефоните дома да […]

Започнува постапката за назначување нов директор на ОУ „Никола Карев“ – Кочани

Во попладневната изјава за медиумите, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов соопшти дека е пристагнат и архивиран документот со потврдена оставка на актуелниот директор на ООУ „Никола Карев“, Александар Андов, со што започнува постапката за избор на нов вршител на должност директор на ова основно училиште.   Во попладневната изјава за медиумите, градоначалникот Грозданов истакна […]

Градоначалникот Владко Грозданов најави конечна одлука во врска со директорот на ОУ „Никола Карев“

На прес-конференција, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов најави дека очекува конечна разрешница за случајот со директорот на ОУ „Никола Карев“ Александар Андов.   Притоа, тој истакна дека правната постапка се води согласно законските прописи, како што се обврзал уште од преземањето на функцијата за доследно и одговорно работење. – Предметите не стојат во фиока, […]

Спортската стипендија од Општина Кочани – за борачот Филип Ангелов

Борачот Филип Ангелов, член на БК „Спартак“ од Кочани е стипендист на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа во борењето минатата година. Ангелов, кој е активен спортист во борењето пет години и е носител на повеќе високи награди на домашно и на меѓународно ниво во 2025 година, е единствениот кандидат што во целост […]

Одбележани 121 година од смртта на Никола Карев и патрониот празник на училиштето

По повод навршувањето 121 година од смртта на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и повеќе делегации положија свежо цвеќе на спомениците на Карев во школскиот двор и во Паркот на Револуцијата во Кочани. Одбележувањето на патрониот  празник на ООУ „Никола Карев“ годинава беше под знакот […]

Се одржа Вториот меморијален шаховски турнир во чест на жртвите во „Пулс“

На 25 април, во хотелот „Национал“ во Кочани се одржа Вториот меморијален шаховски турнир во спомен на загинатите во „Пулс“, на 16 март 20205 година. На турнирот учествуваа 100 шахисти од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Швајцарија, меѓу кои еден велемајстор, пет интернационални мајстори и седум ФИДЕ-мајстори. 20 % од натпреварувачите беа со висок […]

По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

По одржаниот хуманитарен балетски концерт на американската трупа „Ballet Magnificat“, во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, посветен на настраданите од трагичниот пожар на 16 март 2025 година, градоначалникот Владко Грозданов приреди прием за младите уметници од Соединетите Американски Држави. На средбата беа разменети впечатоци од балетската претстава, прва во кочанскиот Центар за култура. Градоначалникот Грозданов […]