Во рамките на фестивалската програма, градоначалникот Владко Грозданов присуствуваше на свечениот прием организиран за гостите и за фолклорните ансамбли од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија, кој се одржа во етноклубот на ФА „Љупчо Сантов“. На приемот беше истакнато значењето на меѓународната културна соработка, негувањето на традицијата и поврзувањето на народите преку фолклорот, музиката и обичаите.
Централниот фолклорен концерт се одржа на 9 мај во дворот на црквата „Свети Атанасиј Велики“ во Оризари. Пред бројната публика настапија домашни и странски фолклорни друштва, презентирајќи богата програма исполнета со традиционални песни, ора и автентични народни носии. На присутните им се обрати градоначалникот Владко Грозданов, кој ја поздрави организацијата на фестивалот и придонесот во зачувувањето на македонското културно наследство и меѓународното пријателство.
Посебен белег на настанот даде и изложбата и дегустацијата на традиционални јадења, на која беа претставени над 50 специјалитети од македонската и балканската кујна, подготвени од домаќини и гости од странство.
Општина Кочани продолжува да ги поддржува културните манифестации што ја промовираат традицијата, културниот идентитет и меѓународната соработка, придонесувајќи за збогатување на културниот живот.























