Најавените инфраструктурните зафати се во тек: Јужниот булевар се подготвува за градба, се решаваат децениски комунални и социјални проекти

Со реализацијата на најавените капитални проекти, Општина Кочани става силен акцент врз модернизацијата на патната мрежа и подобрувањето на комуналната инфраструктура, со цел долгорочно да го унапреди квалитетот на живеење на граѓаните и да го поттикне локалниот економски развој. На врвот на приоритетите е почетокот на изградбата на Јужниот булевар, односно влезот во Кочани откај […]
На Осоговските Планини се одржа третата планинско-велосипедска тура „Манданата“

КПС „Осоговски орел“ од Кочани викендов го реализираше планинско-велосипедскиот настан „Манданата“, кој помина во одлична атмосфера, спортски дух и со дружење. Настанот обедини 50 учесници и голем број љубители на планинскиот велосипедизам од повеќе клубови од цела Македонија, кои преку своето присуство придонесоа за јакнење на спортскиот дух. Учесниците имаа можност да уживаат во прекрасните […]
Анкица Манасиевска – нов в. д. директор на ОУ „Никола Карев“

Со решeние за именување од 15 мај 2026 година, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја именува Анкица Манасиевска за вршител на должноста директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани. Манасиевска, која е долгогодишен одделенски наставник во ОУ „Никола Карев“, ќе ги врши работите до именување нов директор, не подолго од шест месеци од денот […]
Претставени придобивките од билкарството преку проектот „Вештини – клучот на зелената економија“

Во рамките на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, на отворено, во хотелот „Гратче“, беа претставени придобивките од билкарството. Билјана Пешова, која има билкарница во Кочани и е една од обучувачите на група заинтересирана за стекнување вештини за собирање билки, ги претстави условите, можностите и начините за занимавање со билкарство. На презентацијата присуствуваше и […]
Ученици од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ ги претставија научените вештини за билкарство

Во пријатен училиштен амбиент Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ денеска претстави дел од активностите и научените вештини од спроведената неколкудневна едукација во рамките на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, во чии рамки се спроведуваат обуки за собирачи на билки и шумски плодови и за дизајн на билни градини. На промотивниот настан […]
Амбасадорот Прескер со поддршка на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ во Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска ги прими во посета амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и претседателката на Здружението „Дијалог“, Јасмина Бошевска, со кои разговараше за текот на реализацијата на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ што се реализира во Кочани со поддршка на Амбасадата на Словенија и Министерството за надворешни и […]
Започна регистрацијата за обуката „AI4HerWellbeing“ – спој на вештачка интелигенција и благосостојба за жени

Women in Tech Macedonia во соработка со Општина Кочани, преку проект кофинансиран од Европската Унија, во рамките на мрежата Младински Хаб на Западен Балкан и Турција, организира серија обуки за зајакнување и личен развој на девојки и жени на возраст од 22 до 55 години. „AI4HerWellbeing“ е обука со вкупно времетраење од четири часа, […]
Кочани под ѕвездите: Три вечери посветени на македонскиот филм и култура

Од 15 до 17 мај, Споменикот на слободата во Кочани ќе се претвори во уникатно кино под отворено небо, каде што публиката ќе има можност бесплатно да проследи пет македонски филма во рамките на настанот „Филм под отворено небо“. Станува збор за тридневен филмски настан организиран од Локалниот младински совет при Општина Кочани, со поддршка […]
Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ запишува ученици за учебната 2026/2027 година

Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ – Кочани ги известува сите заинтересирани родители и ученици дека започнуваат уписите за новата учебна 2026/2027 година. Под мотото „Музиката зборува кога зборовите молчат“, училиштето ги отвора своите врати за новите таленти во неколку категории. Инструментите пијано и виолина може да ги изучуваат учениците кои идната учебна година ќе бидат […]
Кочанските училишта приредија настан во чест на месецот на Европската Унија

Денеска, Градскиот парк во Кочани беше центар на креативноста и младинскиот дух, каде што локалните училишта свечено го одбележаа мај – месецот на Европската Унија. На сцената на Центарот за култура „Бели мугри“, учениците приредија музичко-ритмички настапи кои ја пренесоа енергијата на европското заедништво. Преку креативно уредени штандови, беа претставени културните обележја, традициите и […]