ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Библиотеката „Искра“ го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право

Денеска, ЈОУ Библиотека „Искра“ го одбележа 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право.   На настанот, библиотекарот Благој Рашков ја прочита националната порака по повод празникот, годинава напишана од Иван Шопов, во која се истакнува трајната вредност на книгата како извор на инспирација и простор за дијалог. Директорката на „Искра“, Кристина Ѓорѓиевска […]

Презентација на електронскиот училиштен весник на СОУ „Љупчо Сантов“

Претставници од Американската амбасада денеска го посетија СОУ „Љупчо Сантов“, каде што веќе една година спроведува вонучилишни активности Лаура Шомиг, волонтерка од Фулбрајт програмата.   Пред гостите од Амбасадата на САД,  Газменд Иљази и Чарлс Сантјаго Моралес беше претставен електронскиот училиштен весник и начинот на неговата подготовка, по иницијатива и со поддршка од волонтерката Шомиг. […]

На 19 април ќе се одржи петтиот Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“

Шаховскиот клуб „Кочани“, со поддршка од Општина Кочани, в недела, 19 април 2026 година, по петти пат го организира Меморијалниот шаховски турнир „Тодор Милосиев-Тошо“, во сеќавање на една од најголемите кочански шаховски легенди, долгогодишен активен шахист и шаховски учител на младите генерации.   Според информациите на Шаховскиот клуб „Кочани“ досега се пријавени дваесетина натпреварувачи. Заинтересираните […]

Кочани се вклучува во проектот „Вештини – клучот на зелената економија“

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов и претседателката на Здружението „Дијалог“, Јасмина Бошевска, денеска потпишаа меморандум за соработка за проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, што го поддржува Амбасадата на Словенија и Министерството за надворешни и европски работи на Словенија. Во фокусот на проектот се обуки за развој на вештините кај младите за економско […]

СОУ „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник

Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ го одбележа патрониот празник.   По повод 106-годишнината од раѓањето и 82-годишнината од смртта на Викентиев,   повеќе делегации положија свежо цвеќе пред бистата во училишниот двор. По повод празникот на кочанското техничкото училиште, присутните проследија кратка програма, а беа прогласени и најуспешните ученици. Ученик на генерацијата 2022 – 2026 е […]

Во Кочани се одбележува 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

Утрово, на јарболите пред зградата на Општина Кочани беше кренато ромското знаме, симбол на идентитетот, културата и историјата на Ромите ширум светот, со што продолжува одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Со овој чин беше испратена порака за почитување на различностите и градење инклузивно општество во кое сите граѓани имаат еднакви можности. […]

ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани го одбележа патрониот празник

Со низа пригодни активности, денеска Основното училиште „Малина Попиванова“ го одбележа својот патронен празник, оддавајќи почит на ликот и делото на револуционерката чие име го носи. Во рамки на одбележувањето, градоначалникот Владко Грозданов и повеќе делегации положија свежо цвеќе на бистата на Малина Попиванова, во дворот на училиштето. Настанот имаше и посебна емотивна димензија. Во […]

Граѓаните на Кочани можат да го селектираат текстилниот отпад во посебни контејнери

По договорот склучен помеѓу Општина Кочани и лиценцираната компанија за екотекстил „Екотекс груп“, како еден од колективните постапувачи во Македонија, денеска во Кочани пристигнаа 10 контејнери за текстилен отпад, отстапени на трајно користење на Општината. Еден од контејнерите за текстилен отпад беше лоциран во дворот на ОУ „Св. Кирил и Медоиј“ во Кочани, а останатите […]

Тринаесеттата седница Советот на Општина Кочани ќе ја одржи на 8 април 2026 година

На 8 април 2026 година, (среда), во 10 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 13. седница со следниот предлог-дневен ред:     Годишна информација за состојби и услови во кои се одвиваше работата на ОВР Кочани во 2025 година Давање согласност на Одлуката за ослободување од надомест за трошоци за престој на деца […]

Кочани го одбележува 2 Април – Меѓународниот ден на литературата за деца

Со читање на меѓународната порака за 2 Април, денеска во Кочани официјално започна одбележувањето на Меѓународниот ден на литературата за деца. Под мотото „Другарувањето со книгите ни е песна“, ЈОУ Библиотека „Искра“ го отвори традиционалниот фестивал кој ги обединува децата, книгите и музиката. Пред присутните говореа директорката на „Искра“, Кристина Ѓорѓиевска Атанасова и координаторката на […]