Општина Кочани започна со реализација на велодром, лоциран во населбата Калиманова Глава, на дел од паркот меѓу улиците „Скопска“ и „Сремска“, со средства коишто се целосна донација од Стопанска банка АД – Скопје.

– Добиваме ново катче за најмладите сограѓани на Кочани каде што ќе можат да ги остават за момент телефоните дома да се посветат на физичката кондиција и здравје, да спортуваат и да ги испраксираат вештините во управување со велосипед. Велодромот ќе биде изграден по светски стандарди со целосна и современа сигнализација, соопшти градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов.

Велодромот ќе се простира на површина од 324 м2, на специфична конфигурација на теренот со нагорнини, надолнини и свијоци и ќе овозможува забава и рекреација за широк спектар корисници.

Од изведувачот „Баџак инженеринг“ истакнаа дека при градбата ќе се почитуваат безбедносните стандарди за ваков тип специфична инфраструктура,  а според најавите велодромот ќе биде готов во јуни.