ул. „Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани • +389 33 274 001
Република Северна Македонија

Општина Кочани

Новости

По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

По хуманитарната балетска претстава во Кочани: „Ballet Magnificat“ на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

По одржаниот хуманитарен балетски концерт на американската трупа „Ballet Magnificat“, во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, посветен на настраданите од трагичниот пожар на 16 март 2025 година, градоначалникот Владко Грозданов приреди прием за младите уметници од Соединетите Американски Држави.

На средбата беа разменети впечатоци од балетската претстава, прва во кочанскиот Центар за култура. Градоначалникот Грозданов го изрази задоволството и благодарноста за организираниот културен настан, кој испраќа силна порака за поддршка, која многу му значи на Кочани. Уметниците и организаторите истакнаа дека целта на настанот не е само финансиска помош, туку и долгорочна грижа за физичкото, емоционалното и духовното закрепнување на погодените. Водени од пораката „Љуби го својот ближен како себеси“, тие повикаа на заедничка поддршка и солидарност.

Професионалната христијанска балетска компанија од САД, „Ballet Magnificat“, настапи пред бројна публика, а средствата од продадените билети и донациите се наменети за медицинска нега, терапија и поддршка на жртвите и на нивните семејства.

Турнејата на „Ballet Magnificat“ во земјава се реализираше од 17 до 23 април, со настапи во Скопје, Штип и Кочани. Настанот во Кочани беше организиран од Евангелската црква, предводена од пасторот Венцо Наков, како дел од пошироката иницијатива за помош и обнова на заедницата.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email